
Коментар по повод воените вежби и преговорите во Абу Даби
Изјавата на Захарова уследи како реакција на првите воени вежби на таканаречените „мултинационални сили за Украина“, организирани во рамките на „коалицијата на подготвените“. Според неа, ваквите чекори докажуваат дека Европа нема основа да учествува во преговарачките процеси.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Коментарите доаѓаат непосредно пред новата рунда трилатерални преговори меѓу претставници на Русија, Соединетите Американски Држави и Украина, кои треба да се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби, каде главна тема зад затворени врати ќе бидат безбедносните гаранции.
Москва предупредува на легитимни воени цели
Захарова нагласи дека секое распоредување на странски воени контингенти на украинска територија е категорично неприфатливо за Москва, предупредувајќи дека руските сили сите такви единици третираат како легитимни воени цели.
Таа додаде дека одговорноста за ескалацијата ќе ја сносат оние кои осмислуваат нови воени авантури, порачувајќи дека целите на руското раководство остануваат непроменети.
„За европските земји нема место на преговарачката маса кога станува збор за решавање на конфликтот во Украина… Тоа уште еднаш потврдува дека Европејците немаат што да бараат на преговарачката маса…“ — истакна Марија Захарова.


