во ,

Охрид пред пресудна одлука: УНЕСКО предлага регионот да влезе на Листата во опасност

Охридскиот Регион е пред сериозна одлука – УНЕСКО предлага негово впишување на Листата на светско наследство во опасност.

УНЕСКО оценува дека Северна Македонија и Албанија не обезбедиле доволна заштита на природното и културното богатство на Охридскиот Регион.

Супер Попуст -25%

Препораката е наведена во нацрт-извештајот подготвен за 48. сесија на Комитетот за светско наследство. Конечната одлука треба да биде донесена на 22 јули во Бусан, Јужна Кореја.

Деградацијата продолжува

Во документот се предупредува дека продолжува нарушувањето на исклучителната универзална вредност на регионот. Како главни закани се посочуваат урбанизацијата, инфраструктурните проекти, загадувањето, несоодветното просторно планирање и деградацијата на крајбрежјето.

УНЕСКО повторно ги нотира нелегалната градба и неконтролираната урбанизација, како и спроведувањето инфраструктурни зафати без соодветни процени за влијанието врз животната средина.

Сериозни забелешки има и за загадувањето на езерото, недоволното управување со отпадните води и отсуството на стратешки еколошки процени.

Слаба координација меѓу двете држави

Во извештајот се посочува и слабата прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Од двете држави се бара да подготват заеднички план со конкретни мерки, прецизни рокови и јасно утврдени цели.

Планот треба да овозможи запирање на понатамошната деградација и зачувување на вредностите поради кои Охридскиот Регион е прогласен за светско наследство.

Статусот не се губи автоматски

Впишувањето на Листата на светско наследство во опасност не значи автоматско губење на статусот. Станува збор за механизам што носи засилен меѓународен надзор и дополнителна поддршка за заштита на локалитетот.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ќе одлучува за препораката на 22 јули, за време на заседавањето во Бусан.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп ѝ испраќа царинска сметка на Канада: „Ќе платите за чадот над Америка“

Трагедија во Пиреја: Млад адвокат и неговата девојка пронајдени мртви во автомобил