во ,

Пар упропастил изложба на современа уметност вредна 500.000 долари на многу бизарен начин

Пар во Јужна Кореја уништил уметничко дело од 500.000 американски долари кое го сметале за дел од „партиципативна уметност“.

На 4-ти април, надзорните камери во уметничката галерија во сеулскиот трговски центар „Lotte“ фатиле пар како прска и мачка боја по уметничкото дело. Неименуваната слика со димензии 240 х 700 центиметри ја насликал графичарот ЏонУан (JonOne) во 2016 година пред публиката во Сеул.

Реклама

Кога едно уметничко дело се преместува од изложба на изложба, покрај него се ставаат и четки за боја и бои користени за неговото создавање. Откако ги видел, парот рекол дека мислел дека изложбата е отворена за учество и одлучиле да додадат свој печат на делото, пренесува „Reuters“.

Според персоналот на изложбата, на снимките се гледа како маж и жена прскаат и мачкаат боја по уметничкото дело.

Била повикана полиција, а парот бил уапсен, но персоналот одлучил да не поднесе обвинение бидејќи станува збор за искрена грешка.

„Мислеле дека тоа им е дозволено како уметност на партиципација и погрешиле“, изјавил Канг Вук, директор на изложбата.

„Моментално разговараме со уметникот дали да го обновиме делото“, додал тој.

По инцидентот, организаторите поставиле ограда околу сликата и натпис „Не допирај“.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 Бои кои можат да раскажат приказна без зборови и овие исечоци од филмови го докажуваат тоа

10 Трикови и совети со кои сигурно ќе оставите добар впечаток на интервју за работа