
Патот до трофејот за Ѓоковиќ е значително олеснет по официјалното повлекување на неговите најголеми ривали, Јаник Синер и Карлос Алкараз, кои го откажаа настапот поради повреди. Светскиот број еден Синер се повлече поради проблем со десното колено, додека Алкараз сè уште ја санира повредата на зглобот која го држи надвор од терените од април.
Каков е патот на Ѓоковиќ до трофејот?
Како трет носител на турнирот, Ѓоковиќ е слободен во првото коло. Својот прв настап ќе го има во второто коло против победникот од дуелот меѓу Тијаго Агустин Тиранте и Јан Чожински.
„Во продолжението на турнирот потенцијални противници на Србинот се Матео Арналди, Џек Дрејпер и Јакуб Меншик, додека во четвртфиналето би можел да се сретне со Алекс де Минаур. Доколку стигне до полуфиналето, можен е дуел со Александар Зверев.“
Генерална проба за Ју-Ес Опен
Ѓоковиќ е апсолутен рекордер со 40 освоени титули од серијата Мастерс 1000. Во Синсинати веќе трипати го подигнуваше победничкиот пехар (2018, 2020 и 2023 година), а со првиот триумф во 2018 година стана првиот тенисер во историјата кој ги освоил сите девет Мастерс турнири.
Овој турнир ќе биде главна подготовка за 39-годишниот српски тенисер пред последниот Гренд слем во сезоната – Отвореното првенство на САД (US Open), кое започнува на 30 август во Њујорк.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден







