
Политички земјотрес во Софија: ПП-ДБ поднесува барање за гласање недоверба, најавени уште помасовни протести
Коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП–ДБ) го повлекува најрадикалниот потег во актуелната криза – в петок официјално ќе поднесе барање за гласање недоверба на Владата предводена од премиерот Росен Жељазков. Лидерот на опозицијата, Асен Василев, преку видеопорака најави дека битката нема да се води само во Парламентот, туку и на улиците. За следната недела, кога пратениците ќе расправаат за субината на кабинетот, тој повика на уште поголем и помасовен протест од оној што се одржа вчера, со цел народот јасно да порача „Доста е“.
„Ќе им помогнеме да си заминат“: Василев удри по Борисов и Пеевски
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Василев беше брутално директен во своите обвинувања, посочувајќи ги лидерите на ГЕРБ и ДПС, Бојко Борисов и Делјан Пеевски, како главни виновници кои „го крадат бугарскиот народ и иднината на децата“. Откако премиерот Жељазков категорично одби да поднесе оставка, Василев со иронија порача: „Ќе им помогнеме“. Ова ќе биде шесто по ред барање за гласање недоверба кон актуелната власт, потег што сугерира дека Бугарија можеби влегува во уште една длабока спирала на политичка нестабилност.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден








