во ,

Пензионери, запишете го датумот: Мицкоски потврди кога стигнува новото покачување

Мицкоски потврди: Стигнува ново линеарно покачување, исплатата во април

Добра вест за пензионерите на почетокот на годината. Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Кавадарци потврди дека Владата останува доследна на своето ветување: со мартовската пензија (која се исплаќа во април) следува ново линеарно зголемување. Тој нагласи дека оваа мерка не е само популистичка, туку економски оправдана.

Цел: Намалување на сиромаштијата и класните разлики

Супер Попуст -25%

Според премиерот, најновите статистики за нивото на сиромаштија и т.н. Џини коефициент (мерка за нееднаквост во распределбата на богатството) покажуваат дека линеарниот модел дава резултати. „Сакаме да ја намалиме сиромаштијата кај најранливите и да ја подобриме еднаквоста. Во тој поглед сме најдобри во регионот“, истакна Мицкоски, додавајќи дека борбата за подобар стандард на највозрасните останува врвен приоритет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тага во Македонија: Почина двегодишното дете погодено од проектил за Нова Година

Илон Маск е 23-та економија во светот: Погледнете кои држави ги „прешиша“ со 726 милијарди