во ,

Пилот објаснил зошто пилотите смеат да заспијат додека управуваат со авион – да, добро прочитавте

Виралната приказна за една жена која направила драма на авионски лет, тврдејќи дека еден од патниците „не е вистински“ беше хит ова лето, но по бизарниот испад на патничката, вниманието сега се сврти кон најважната личност во авионот.

Имено, повторно се појави виралното видео од 2022 година во кое пилот одговара на статистика која вели дека 46 отсто од пилотите признале дека заспиваат во текот на летот.

Пилотот кој на ТикТок објавува под прекарот @pilot_geeza изненади многу следбеници откако ја открил вистината за тоа дали пилотите спијат во текот на летот. Поточно, тој открил не еден, туку два вида одмор кои пилотите смеат да ги имаат додека се на работа.

Реклама

Контролирана дремка

„Заспиваме во текот на летот. Постојат два вида одмор кој можеме да го имаме додека седиме на пилотското седиште – контролирана дремка и контролиран одмор“.

Пилотот потоа објаснил дека тоа се случува исклучиво во периоди на мал обем на работа и ако другиот пилот се чувствува „врвно“.

„Контролираната дремка е ограничена само на 30 минути. По тие 30 минути, ако се чувствувам добро, продолжувам со нормалната работа“, вели тој.

Контролиран одмор

Додал дека „контролираниот одмор“ е ограничен на нешто подолго време од 45 минути: „По тие 45 минути ми требаат 20 минути да бидам сигурен дека не сум зашеметен“.

Пилотот објаснил дека по одморот вообичаено зема шолја чај, малку храна и оди до тоалет пред да се врати на работа.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Богат Индустријалец му се обраќа на својот пријател “Министер” на еден прием…

Сакам плата 25000 денари…