во , ,

Платиле 2.000 евра за вечера во ресторанот на славниот готвач: Луѓето во шок поради цените кај Нусрет!

Турскиот кувар, Нусрет Гокче, на социјалните мрежи е познат под името Salt Bae е воедно сопственик на ланец ресторани, а популарен стана поради начинот на кој го зачинува месото.

Имено, откако ќе го исече бифтекот тој го посолува така што ја витка раката, а лактото му е испружено така што солта се одбива од него и паѓа на месото.

И тој чекор му донесе слава и милиони, па сега има отворено ресторани во многубројни светски градови. Моментално има 17 ресторани, а неодамна е отворен и еден во Лондон, каде луѓето се шокирале со цените.

Реклама

Еден маж ја сподели на Твитер сметката откако вечерал во ресторанот на Нусрет, на која се гледа дека вкупната сметка била 1.812 фунти односно 2.100 евра, а 236 фунти т.е. 273 евра биле наплатени за бакшиш.

Оваа сметка била за осум луѓе, кои биле изненадени од цените, односно еден сок чинел 9 фунти, како и фактот дека 4 Редбули биле наплатени за 44 фунти.

“Се надевам дека остатокот од јунешкото ви го дадоа да си го земете за дома! 630 фунти за бифтек!”, “Зошто е баклавата 22 фунти, морам да ја видам таа порција”, биле коментарите.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пијан Турчин заедно со спасувачки тим се барал самиот себе

Се собравме овде да докажеме дека Ние не сме глупави, и убедена сум дека ќе ви го докажеме тоа…