во

Се собравме овде да докажеме дека Ние не сме глупави, и убедена сум дека ќе ви го докажеме тоа…

8000 плавуши организирале конвенција под наслов “Плавушите не се глупави”. На конвенцијата присуствувале делегати од различни области со цел да се уверат дека Плавушите не се глупави…

Лидерката: Се собравме овде да докажеме дека Ние не сме глупави, и убедена сум дека ќе ви го докажеме тоа. Повикува една плавуша да се качи на бината и ја прашува:

-Колку се 15 плус 15?

Реклама

После 30 секунди плавушата одговара:

-18 – одговара плавушата.

Разочарување во салата, сите 8000 плавуши станале и почнале да викаат:

– Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса.

По мала пауза делегатите одлучиле да и дадат уште една шанса.

Лидерката го поставува второто прашање:

– Колку се 5 плус 5?

После 20 секунди:

– 76 – одговара плавушата.

Повторно цела сала во еден глас.

– Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса.

Делегатите побараа пауза од еден саат за да се договорат. По долго натегање делегатите одлучиле да и дадат последна шанса.

Лидерката го поставува последното прашање:

– Колку се 2 + 2 ?

По 10 секунди:

– 4 – одговара плавушата.

Делириум во салата, сите 8 000 плавуши станаа од столчињата ги кренаа рацете горе и извикаа во еден глас:

– Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Платиле 2.000 евра за вечера во ресторанот на славниот готвач: Луѓето во шок поради цените кај Нусрет!

22 Фотографии кои може да ги направат само Во Русија