во ,

ПОПЛАВИ ВО АВСТРАЛИЈА, ЕВАКУАЦИИ ВО СИДНЕЈ: 20 лица спасени, преку 1400 пријави за итна интервенција

20 лица спасени од надојдени води во Нов Јужен Велс

СИДНЕЈ – Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните дождови што предизвикаа поплави. Во Сиднеј, главниот град на državата, доцна во саботата беше извршена евакуација на жители и туристи од ниското предградие Нарабин.

Преку 1400 пријави за интервенција

Супер Попуст -25%

Екипите за итни интервенции реагирале на повеќе од 1400 пријави низ државата откако дождот започнал во саботата. Најголем дел од интервенциите се однесувале на спасување луѓе кои се обиделе да возат низ поплавени улици.

Патишта затворени до натамошно известување

„Имаше голем број ненадејни поплави што предизвикаа затворање на патишта, и очекуваме некои од нив да останат затворени до понатамошно известување”, изјави заменичката комесарка за итни служби Соња Ојстон.

Предупредување за дополнителни бури во недела

Властите предупредија на можни дополнителни бури јужно од Сиднеј во недела. Државната метеоролошка служба соопшти дека 72,4 милиметри дожд наврнале во северниот дел на градот во рок од два часа.

Жена загина од паднато дрво

Една жена загина кога врз неа паднала гранка од дрво за време на невремето во близина на Волонгонг, околу 66 километри јужно од Сиднеј, јави јавниот сервис „Еј-би-си”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СУДИРИ ВО СИРИЈА: Војската напредува кон курдските подрачја, САД предупредуваат да се запре офанзивата

НАФТОВОД СОЛУН-СКОПЈЕ: Македонија станува критична транзитна точка, неопходно усогласување со ЕУ стандарди