во ,

Популарниот актер поради сопругата се откажал од фамилијата и ги прифатил нејзините обичаи, а сега речиси непрепознатлив шета по улица

Тој дефинитивно е кралот на трансформациите во Холивуд, Кристијан Бејл е познат по тоа што го дава својот максимум кога станува збор за неговите улоги на големото платно.

Популарниот актер е познат по тоа што не му се непознати драстичните трансформации за потребите на филмските улоги, сите се сеќаваме кога ослабнал неверојатни 30 килограми за улогата во „The Machinist“.

Кристијан Бејл повторно поради новиот имиџ е непрепознатлив. Новата „фризура“ му дозволува „незабележливо“ да шета по улиците во опуштено издание и да ужива на сонцето, а никој да не знае кој се крие зад темните очила за сонце и свежо избричената глава.

Реклама

Филмската ѕвезда наскоро ќе почне со снимање на новиот филм „Frankenstein“, а за таа улога морал да ја скрати косата.

Ова иако е многу храбра, сепак не е толку голема промена за него, со оглед на тоа што имал и побрутални трансформации заради улоги досега.

„Јадев по 20 крофни, многу чизбургер. Буквално јадев сѐ што ќе имав при рака“, изјавил тој откако се здебелил 20 килограми за потребите на една улога.

Кристијан е во брак со Сандра Блажиќ која е со балканско потекло, подолго од 20 години, и неодамна започнале со градење на новиот дом.

Оваа љубов за него е многу важна затоа што по сопствено признание никогаш немал баш здрава идеја за бракот, со оглед на тоа што неговите се разведени, меѓутоа кога ја запознал Сандра одеднаш сфатил дека бракот е фантастична идеја.

Тие се венчале во 2000 година во Лас Вегас, а поради оваа романса тој завојувал со мајка си и сестра си на кои Сандра не им се допаднала, па зборувале грозно за неа, што тоа тој никако не го одобрил.

„Сѐ во животот ѝ го должам неа, таа е исклучителна и силна жена“, изјавил Кристијан во една прилика.

Тие имаат две деца, ќерката Емелин и синот Џозеф кои на негово инсистирање го научиле српскиот јазик. Поради сопругата тој признава дека двапати слави Божиќ, католички и православен.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас

Супер кул машки и женски маици по неодоливи пролетни цени