во ,

Посебни безбедносни причини ја спуштија рампата во Ел Пасо, летовите стопираат до 21 февруари

Меѓународниот аеродром Ел Пасо во Тексас доби наредба да ги прекине сите летови во следните 10 дена поради „посебни безбедносни причини“, според известување за воздухопловци NOTAM издадено од FAA.

Во документот, воздушниот простор околу аеродромот е означен како „национален одбранбен воздушен простор“, а за прекршување на правилата се најавуваат строги мерки, вклучувајќи пресретнување и постапување од органите на редот. Ограничувањето важи за сите летови кон и од аеродромот и се применува до висина од 5.500 метри или 18.000 стапки.

Забрана во радиус од 10 наутички милји, под засилен режим и блискиот воен аеродром

Супер Попуст -25%

Зоната на забрана, со центар во аеродромот, има радиус од 10 наутички милји или околу 18,5 километри и го опфаќа и блискиот воен аеродром Бигс. Во известувањето јасно се наведува дека „ниту еден пилот не смее да управува со летало“ во подрачјата опфатени со овој NOTAM, што ја прави мерката една од најрестриктивните во ваков временски прозорец.

Блиску до границата, огромен проток на патници, па вниманието е на максимум

Мерката останува во сила до 21 февруари во 6:30 по UTC, а се посочува дека наредбата не се однесува на мексиканскиот воздушен простор, иако аеродромот е оддалечен околу 6 километри од мексиканската граница. Во текот на 2024 година низ Ел Пасо поминале повеќе од четири милиони патници, што ја прави одлуката уште почувствителна, бидејќи секое вакво затворање веднаш остава трага врз патувањата, логистиката и безбедносната слика во регионот

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Страшна несреќа на влезот во Скопје, бмв и камион изгореа, 25-годишник тешко повреден

Кристоферсен алармира: Русија може да „грабне“ норвешка територија за да ги штити нуклеарните бази