во

ПОЧИНА УШТЕ ЕДЕН ПАЦИЕНТ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: 76-годишен маж ја загуби битката по 27 дена лекување.

На Универзитетската клиника за инфективни болести почина уште еден пациент кој бил во тешка состојба, откако претходно со лабораториски анализи било потврдено дека е заразен со Западнонилска треска.

Во моментов, билансот на хоспитализирани пациенти со симптоми на овој опасен вирус изнесува вкупно 20 лица. Според официјалните информации од болницата, 18 од овие случаи се веќе лабораториски потврдени, додека кај двајца пациенти сè уште постои само клиничко сомневање за присуство на вирусот.

Петмина пациенти се на интензивна нега

Супер Попуст -25%

Ситуацијата кај дел од заболените останува критична. Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, потврди дека петмина пациенти имаат потешка клиничка слика и се сместени на одделот за интензивна нега, каде што се лекуваат соодветно, согласно сите пропишани болнички протоколи.

Тешка клиничка слика и фатален исход

Осврнувајќи се на најновата жртва на вирусот што се пренесува преку каснување од заразен комарец, директорот информираше дека пациентот поминал речиси цел месец во болничкиот кревет, но за жал, неговата состојба дополнително се искомплицирала.

„Починатиот пациент имаше 76 години и беше лекуван цели 27 дена на нашата Клиника. Поради други сериозни придружни заболувања и тешката невроинвазивна форма која ги зафати мозокот и мозочните обвивки, во доцните попладневни часови дојде до смртен исход“, изјави Цана.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СДСМ ОБВИНУВА: Луѓе умираат од западнонилска треска, а тие организираат кино на отворено во Драчево!

137 ПЕШАЦИ КАЗНЕТИ ЗА САМО 6 ЧАСА: Засилени полициски контроли низ целата држава!