
Нова цел по Венецуела? Трамп ѝ се закани на Колумбија со воена операција
Американскиот претседател Доналд Трамп упати директна закана кон Колумбија, нарекувајќи го нејзиниот претседател Густаво Петро „болен човек“ кој произведува и продава кокаин во САД. Во разговор со новинарите во авионот „Air Force One“, на прашањето дали тоа значи дека следи американска воена операција и во Колумбија, Трамп ладнокрвно одговорил: „Ми звучи добро“.
„Нема уште долго да владее“: Петро на удар поради поддршката за Мадуро
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден
Тензиите ескалираа откако Густаво Петро ја осуди американската акција во Венецуела како „напад врз суверенитетот“ на Латинска Америка. Трамп, разгневен од критиките, порача дека Петро „нема уште долго да го прави тоа“. Иако колумбискиот претседател тврди дека неговата влада запленува рекордни количини дрога и дури го покани Трамп да се увери во тоа, американскиот претседател продолжува со реториката за воено решение.


