во , ,

Предвидувањето на Нострадамус за крајот на светот

Нострадамус е роден во 1503 во Франција. Добил диплома од медицински факултет, а работел и како аптекар и доктор. Тој станал познат како доктор поради прогресивните методи во третирањето на чумата. Подоцна станал астролог, па затоа луѓето му плаќале да им ги прочита ѕвездите.

Но тој е најпознат по своите поеми кои ги предвидуваат идните настани. Овие предвидувања може да се интерпретираат на повеќе начини бидејќи се напишани во облик на поеми. Некои предвидувања се поспецифични, а некои помалку.

Се смета дека тој ја предвидел смртта на кралот Анри II од Франција, лондонскиот пожар во 1666 г. и друго. Но некои од неговите „предвидувања“ биле погрешни.

За 2021 г., Нострадамус предвидел зомбиња, астероиди и чума. За оваа година тој предвидел „голема неволја“, следена од „уште поголема“ за која многумина сметаат дека е пандемијата која започна во 2020 и продолжи во 2021 г. Тој предвидел и астероид, но и појавување на „полумртви“ луѓе.

Предвидувањата на Нострадамус се до 3797 г. Во периодот помеѓу Нострадамус предвидел многу ужасни нешта: војни, доаѓањето на три антихриста и многу чуми. Многу од овие настани ќе го остават светот во полоша состојба од претходно, но нема да се причина за неговиот крај.

Нострадамус предвидел и појавување на антихрист кој ќе ја предизвика Третата светска војна, која ќе трае три децении.

Но според неговите поеми, крајот на светот ќе дојде по повеќе големи настани кои може да вклучуваат супервулкани или огромна соларна експлозија. Тој не дава датум за крајот на светот, но се претпоставува дека го предвидел крајот во 3797 г. – годината кога завршуваат поемите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Причини зошто сегашноста е многу подобра од минатото

Влијанието на каменот врз сообраќајната култура…