
Во колумбиски забавен парк, ролеркостерот останал без струја среде возење, па посетителите биле принудени да се симнуваат од висина од 20 метри. Во драматичното видео, кое веднаш се прошири на социјалните мрежи, се гледа како возрасни и деца внимателно се спуштаат по тесната патека на структурата.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Еден од посетителите сподели дека моментот бил нервозен, но истовремено и „уникатно искуство.“
@pulzocolombia 😰Alrededor de 18 personas tuvieron que bajarse del vagón de la atracción en el Parque del Café por bajón de energía. #parquedelcafe #montañarusa #accidente #fyp
Претставник на забавниот парк изјавил дека никој не бил повреден и дека опремата редовно се проверува. Според него, во текот на 20 години работа, паркот не се соочил со сериозен инцидент од ваков тип.


