во ,

Пример како Балканец ја реновира својата тераса: Фотографија од една зграда која го насмеа регионот – „живее на работ“

Урнебесната фотографија од Сплит стана хит на социјалните мрежи.

На Фејсбук страницата „Squatting Slavs In Tracksuits“ која ја следат над 1,2 милиони луѓе, објавена била интересна фотографија од Сплит која веднаш добила многу допаѓања, но и интересни коментари.

Имено, на една стара станбена зграда со тераси на некој од сопствениците на стан, не му се допаднале терасите.

Реклама

За да добие подобар поглед и повеќе сонце тој одлучил едноставно да направи дупка во ѕидот од терасата, која сега им „боде очи“ на сите кои поминуваат покрај зградата.

„Кога Балканец сака подобар поглед, тогаш тој прави дупка на својата тераса“, стои во описот на фотографијата која има над 5,5 илјади допаѓања.

Коментарите под фотографијата се урнебесни, а еве што напишале некои од посетителите на оваа Фејсбук страница.

„Живее на работ“, „Единствен човек е кој терасата не си ја претворил во дополнителна соба“, „Апартман со поглед на море“…


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Архитект создаде ремек-дело на замрзнато езеро – за 4 часа нацртал лисица, само со помош на своите нозе и лопата

10 Интересни факти за Хасбула – Русинот со џуџест раст кој стана вирален хит на социјалните мрежи