во ,

Пристигнува најскапата серија во историјата на телевизијата, а филмот според кој се прави на сите ни е добро познат

Првата голема серија на „Amazon“, според најавите ќе биде и најскапа во историјата на телевизијата, оставајќи ги зад себе и сериите „Круна“ и „Игра на тронови“.

Американската ТВ платформа „Amazon“ за снимањето на првата сезона од серијата „Господар на прстените“ планира да потроши околу 465 милиони долари, пренесува „Hollywood Reporter“.

Реклама

Изворите потврдиле дека станува збор за огромна сума на пари, но во сумата се пресметани и трошоците за лансирање на серијата која што веројатно ќе има неколку сезони.

Во претходните проценки се спомнувале околу 500 милиони долари за произведување на повеќе сезони, но не се споменале трошоците од 250 милиони долари само за авторските права на Толкин.

Снимањето на серијата веќе започна во Нов Зеланд

„Ова е фантастично! Ова ќе биде најголемата телевизиска серија која што некогаш била направена“, изјавил за тамошните медиуми Стуарт Наш, министер за економски развој и туризам на Нов Зеланд.

Се претпоставува дека дејството ќе биде сместено илјадници години пред настаните во „Господар на прстените“ и „Хобит“ и дека гледачите ќе се вратат во времето во кое што се создавале големите сили, а кралствата се издигнувале и паѓале.

Актерската екипа е составена од Роберт Арамајо, Назанин Бониади, Морфид Кларк, Исмаел Круз Кордова, Ема Хорват и други.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

21 Неверојатни графити на францускиот уметник „OakOak“ кои го воодушевуваат светот

Историски подвиг на „НАСА“: Роботот произведе кислород на Марс