во , ,

„Простор за длабоки мисли“ во Норвешка – рај за тие што сакаат да избегаат од реалноста

На крајниот север од Норвешка, на мал остров во архипелагот Флајнвар, композиторот и џез-музичар Хауард Лунд, во соработка со реномирани норвешки архитектонски фирми, создаде рај за уметници и сите оние што сакаат да избегаат од реалноста.

Импресивната природна средина инспирира, поттикнува креативност и размислување и го враќа човекот во неговата природа.

Реклама

Ова арктичко скривалиште е мало модерно село кое се состои од десет куќи наменети за изнајмување. Куќите се изградени од кебониумско дрво и се потпираат на потпорници, закачени за камен ѕид со челични кабли. Колибите имаат четири простории за спиење, бања, место за готвење и трпезарија, дневна соба, сауна, кујна на отворено и куќа наречена „кула за големи мисли“.

И самото име на комплексот „Гордипнингсромет“ се преведува како „Простор за длабоки мисли“. Олицетворението на оваа идеја е најприсутно во колибата сместена на самиот врв на падината, која личи на џиновска куќа за птици. Ова е совршено место за набљудување на аурора бореалис што се појавува на небото на архипелагот од септември до април. Од ноември до средината на јануари на оваа локација нема директна сончева светлина, но местото нуди неверојатен поглед кон Месечината и ѕвездите.

Секоја од десетте еколошки кабини на гостите им нуди прекрасен поглед кон Норвешкото Море, блиските острови, изгрејсонце, поларна светлина, полноќно сонце и др.

Колибите се дизајнирани како самостојни кутии од одржливо тропско дрво.

Комплексот е дизајниран и изграден да функционира како единствена форма и нуди еден вид удобно сместување. Наместо луксуз, се нудат природни материјали со највисок квалитет и она што е потребно за основните животни функции – готвење, чистење, спиење. Просторот е строго минималистички и опремен според принципот „потребно и доволно“.

Оваа област е во регион од каде што потекнуваат познатите нордиски мислители и филозофи. Бидејќи до локацијата може да се стигне со траект, првиот објект во кој влегува посетителот е сауна. По дефиниција, тоа претставува место на физичко и духовно прочистување.

Сите кабини имаат прозорци од подот до таванот и нудат спектакуларен поглед на планините на живописниот архипелаг Лофотен, како и на бескрајното море и небото.

Возбудливата архитектура и драматичните природни пејзажи му ветуваат на секој корисник интересно повлекување од светот.

Сонот на модерниот човек да оди на пуст остров конечно може да се оствари.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со заби влечел тенк тежок повеќе од 40 тони: Ова дури и не е најголемото достигнување на “унгарскиот Попај”

„Три дена пред свадба пробав спреј за самопотемнување – сега сите ми се смеат“