во , ,

„Три дена пред свадба пробав спреј за самопотемнување – сега сите ми се смеат“

Жена од Англија отишла на третман со спреј за самопотемнување, но бидејќи побарала два слоја и не го измила спрејот како што ѝ рекле, се разбудила со многу темна кожа и, како што вели самата, сега личи на Рос од серијата „Пријатели“.

Дери Метјус од Англија се подготвувала за свадба на пријателка и бидејќи сметала дека е многу бледа, решила да оди на третман за лажен тен.

Реклама

36-годишната жена платила 30-тина евра за третман со спреј за самопотемнување, а бидејќи имала само три дена до свадбата, ја замолила козметичарката да ѝ стави два слоја за малку потемен тен.

„Требаше да одам на свадба, а сум многу, многу бледа – имам пеги и многу бела кожа. Па, ја замолив козметичарката дали може да ми стави два слоја од спрејот. Откако ќе ви го стават спрејот, треба да го измиете по осум часа. Но, јас не го измив бидејќи кожата престана да ми потемнува и мислев дека нема потреба“.

Кога излегла од салонот, Дери била задоволна од резултатот, но следното утро се разбудила со многу потемна кожа и вели дека се чувствува како Рос од серијата „Пријатели“.

Во серијата, Рос оди на ваков третман, но случајно му го нанесуваат спрејот само на предниот дел од телото, и тоа неколкупати, па на крај изгледа навистина смешно.

„Бев исплашена од мојот изглед. Сопругот не можеше да престане да се смее, а ќерката беше загрижена дека некој ќе ме види“, вели Дери која сега се смее за целата ситуација.

Откако спрејот ќе биде нанесен, тој постепено потемнува, а за да се избегнат незгодите како на Дери, потребно е спрејот да се измие по неколку часа.

Кога Дери се разбудила следното утро, останала во неверување.

„Знаев дека изгледам смешно. И дефинитивно си го заслужив тоа“.

Дери немала друг избор освен да оди на свадбата со нејзиниот нов тен и иако очекувала многу шеги од пријателките, не поминала лошо.

„Барем забите ми изгледаат многу бели. Сега не можам да се погледнам во огледало и да не се насмеам“.

Дери вели дека иако овојпат направила грешка, во блиска иднина повторно ќе оди на ваков третман.

„Дефинитивно ќе одам пак – се чувствувам подобро кога имам тен. Добро е да имам малку боја, но не како сега“.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Простор за длабоки мисли“ во Норвешка – рај за тие што сакаат да избегаат од реалноста

Шета Влав низ пазарот во Рим, и му се допаѓаат некакви бисери…