
Румен Радев: Сакаме што е можно поскоро да ја видиме Македонија во ЕУ
Поранешниот претседател на Бугарија, Румен Радев, во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“ изјави дека Бугарија сака Република Северна Македонија што е можно поскоро да стане членка на Европската унија.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Тој посочи дека неговото влегување во парламентарната политика претставува одговор на очекувањата на бугарските граѓани за демократска, модерна и европска држава, како и за забрзана европска интеграција.
Уставни измени како предуслов
Радев повтори дека според европскиот консензус од јули 2022 година, познат како француски предлог, Македонија треба да направи уставни измени и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите народи во Преамбулата.
Според него, само по исполнување на овој услов може да започнат формалните преговори за членство во ЕУ.
Порака за отворени граници
„Ова е тежок, но неопходен процес и би сакале да ја видиме РСМ во ЕУ што е можно поскоро. Не сакаме граници и гранични контролни пунктови, туку луѓето од двете страни на границата да можат слободно да живеат, работат и комуницираат заедно“, изјавил Радев, пренесуваат бугарските медиуми.


