во ,

МНР апелира: Напуштете го Мексико

МНР со апел: Македонските државјани во Мексико да ја напуштат земјата

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико, поради влошената безбедносна состојба, да ја напуштат државата во прва можна и безбедна прилика.

Супер Попуст -25%

Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

Достапни контакти за помош

Министерството ги става на располагање своите капацитети за асистенција преку 24-часовниот СОС телефон +389 75 268 736 и електронската адреса [email protected].

Дополнително, достапен е и дежурниот телефон на Дипломатско-конзуларното претставништво во Вашингтон: +1 (202) 758-7798, како и е-маил адресата [email protected].

Континуирано следење на состојбата

Од МНР информираат дека внимателно ја следат ситуацијата и навремено ќе ја известуваат јавноста за евентуални нови препораки или мерки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пет возила во судир на автопатот Штип–Миладиновци

Радев со порака за европскиот пат на Македонија