
Се судрија пет возила – хаос на автопатот Штип–Миладиновци
Утрово најмалку пет возила се судриле на автопатот Штип–Миладиновци, поради што сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента. На местото на настанот се формирала подолга колона од автомобили.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Според информации објавени од „М-нет“, во несреќата учествувале најмалку пет автомобили, а од снимките на социјалните мрежи се гледа дека дел од возилата излизгале од коловозот.
Можно присуство на голомразица
Граѓани во коментарите наведуваат дека на патот имало голомразица, што најверојатно придонело за судирот. Засега нема официјална потврда за причините за несреќата.
Од Министерството за внатрешни работи сè уште нема официјални информации за состојбата на возачите и патниците.
Апел за внимателност
Надлежните апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да возат внимателно, особено во услови на можно замрзнување на коловозот.


