во ,

Русинка го тужи „Мекдоналдс“ поради билборд кој ја намамил да го прекрши постот

Ксенија Овчиникова тврди дека го прекршила предвелигденскиот пост бидејќи билборд на „Мекдоналдс“ ја намамил да купи чизбургер, а поради тоа ќе го тужи американскиот ланец на ресторани за брза храна.

Како што соопштил подносителот на жалбата пред судот во рускиот град Омск, Ксенија постела во текот на 7-неделниот предвелигденски пост.

Во април 2019 година, на средина на постот, таа шетала по улицата Карл Маркс каде наишла на билборд со реклама на „Мекдоналдс“ за чизбургер и „Чикен Мекнагетс“.

Реклама

Овчиникова тврди дека рекламата ги нарушила нејзините религиозни чувства и ја намамила да купи чизбургер со што го прекршила постот за првпат во последните 16 години.

„Во тој момент постев околу еден месец. Кога го видов билбордот, не можев да одолеам и отидов да купам чизбургер“, навела Русинката во тужбата, при што бара морална компензација од 1000 рубљи од популарниот ланец на ресторани.

Од друга страна, од Руската православна црква велат дека Ксенија треба да бара прошка од Бога, а не компензација од „Мекдоналдс“.

„Ѝ советуваме да оди да се исповеда, а не на суд“, порачуваат од црквата.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тиктокерката се пофалила со новата тетоважа која набрзо стана хит: “Сфаќам на што мислите!”

Во овој астероид има толку скапоцен метал што може да го направи секој човек на Земјата милијардер