
Жестока војна на соопштенија: СДСМ обвинува за „Тројански коњ“ на ВМРО во своите редови
Опозициската СДСМ излезе со тешки обвинувања дека владејачката партија активирала „организирана операција“ за уривање на партијата одвнатре. Според Бихаќка, планот на ВМРО-ДПМНЕ е очајнички потег за дефокус од актуелните скандали со „мигранти за пари“ и корупциските афери откриени од Антикорупцискиот тим на опозицијата.
Прстот вперен кон Деспотовски: „Нема да нè замолчите“
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Во соопштението директно се споменува Јован Деспотовски, кого партијата го обвинува за соработка со власта и координирани текстови со новинарот Героски. „Првиот обид за дестабилизација пропадна. Сега на сите им е јасно кој внесуваше немир“, велат од СДСМ, порачувајќи дека нема да престанат со објавување на криминалот и дека „сите ќе одговараат“.


