во , ,

Седум туристички атракции се најголемо разочарување за туристите

За жал, некои популарни туристички дестинации не секогаш изгледаат онака како што се прикажани во туристичките брошури, а понекогаш преголемите очекувања можат во целост да ви го уништат патувањето.

За да не се случи тоа, порталот “Bright Side” издвои 7 места на кои туристите најчесто се разочаруваат.

Статуата на Јулија во Верона, Италија

Според легендата, со допирање на десната дојка на оваа статуа ќе имате среќа во љубовта. Меѓутоа, она што можеби ќе ве разочара во врска со ова романтично место е фактот дека секој квадратен центиметар околу статуата е речиси секогаш преполн со туристи.

Малата сирена во Копенхаген, Данска

Некогаш Малата сирена од бајките на данскиот автор Ханс Кристијан Андерсен била сместена на карпа во пристаништето на Копенхаген. Во денешно време не е лесно да се види бидејќи властите одлучиле да ја преместат неколку метри подалеку за да го спречат вандализмот и луѓето кои се качувале по неа.

Она што може дополнително да ве разочара е големината на статуата. Многумина очекуваат да видат величенствен споменик, но наидуваат на статуа од сирена висока само 1,25 метри.

Музејот на Битлси во Ливерпул, Англија

Вистинските фанови на легендарниот бенд веројатно ќе бидат разочарани од оваа изложба бидејќи тука нема да пронајдат ништо ново за нивните омилени музичари. Изложени се само неколку експонати и предмети кои им припаѓале на членовите на бендот, а освен тоа, она што може да се види во музејот е веќе познато. За овој музеј дефинитивно не вреди да потрошите време и пари.

Берлинската телевизиска кула, Германија

Ниту највисоката зграда во Берлин не ги исполнила очекувањата на туристите кои со часови чекаат во ред и за тоа плаќаат 16,50 евра. Валканите прозорци, големиот број туристи и високата цена се огромно разочарување за секој посетител.

Темпл Бар во Даблин, Ирска

Иако Темпл Бар (Temple Bar) е култно место во Даблин, навечер има толку гужва што треба да чекате со часови доколку сакате да седнете во барот. Освен тоа, тој е преполн со луѓе, па вработените едвај успеваат да ги расчистат масите и да примат нарачка.

Плажите во Индонезија, Индија и Тајланд

Одморот на Тајланд, Индонезија и Индија може да биде убав само доколку не го напуштате вашето хотелско подрачје. Доколку излезете од хотелскиот комплекс, едвај ќе ги препознаете овие земји – валканите улици, нечистата вода и плажите со ѓубре се вообичаена глетка.

Тајмс Сквер во Њујорк, САД

Шетањето по Тајмс Сквер (кој не е толку голем како што мислите) може да го упропасти огромниот број луѓе кои сакаат да го посетат ова место. Поради тоа, тој брзо се валка и повеќе не изгледа толку привлечно, а дури ни џиновските блескави билборди кои ги хипнотизираат минувачите не можат да ја спасат ситуацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 интересни снимки од надзорни камери кои снимиле нешто што не се гледа често

Изеде две од најлутите пиперки во светот, а потоа зажали…