во , , ,

Сепак не е за „петка“: Славна бамбусова шума од која милиони туристи заминуваат разочарани

Без оглед на тоа што шумата е прекрасна, туристите често се разочаруваат откако ќе ја видат во живо и поради тоа не ја оценуваат со добри оцени.

Сместена на работ од градот, на околу половина час од центарот, бамбусовата шума Арашијама или Сагано, како што уште се нарекува, е едно од местата кое туристите задолжително го посетуваат во Кјото. Веројатно најпознатата шума во Јапонија е омилена мета на објективите, но и на Фотошоп и останатите алатки за уредување фотографии.

Реклама

Интернетот е преплавен со нереално уредени фотографии од ова место во зелени и златни нијанси, но за жал тоа не е искуството кое ќе го доживеете во Арашијама. Сцените на фотографиите кои нè враќаат во добата на самураите и гејшите и оддаваат доза на мир и тишина, во реалноста се многу поинакви.

Пред пандемијата, шумата месечно знаеле да ја посетат речиси 5 милиони туристи, а оние кои сакале да добијат совршена фотографија морале добро да се „измачат“ бидејќи освен посилен интензитет на бои, треба да избегнете или „избришете“ од кадар голем број луѓе.

Без оглед на тоа што шумата е прекрасна, туристите често се разочаруваат откако ќе ја видат во живо и поради тоа не ја оценуваат со добри оцени, но доколку патот ве носи кон Кјото, Арашијама дефинитивно не е губење на времето.

Особено е интересно доживувањето на величенствените стебла и звуците од ветерот или капките дожд. Влезот не се наплаќа, а најдоброто време за посета е наутро или навечер за време на викендите.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Забавни илустрации што совршено го покажуваат влијанието на пандемијата врз нашиот живот

6 Причини зошто не треба да користиме мобилен додека сме во тоалет