во , ,

Се обидела да го запали автомобилот, па веднаш зажалила

Минатата недела на Твитер се појави снимка на која се гледа жена која се обидува да запали еден автомобил, но многу брзо зажалила за таа одлука, а во меѓувреме е пронајдена и уапсена.

Полицијата и пожарникарите од Мичиген стигнале на местото, а жената многу брзо била уапсена. Погледнете ја нејзината кандидатура за Дарвинова награда.

TMZ“ известува дека жената се вика Сиднеј Пархам и дека е уапсена во Детроит. Пархам е уапсена поради подметнување пожар и моментално е зад решетки.

Detroit News“ пренесува дека сведоците на пожарникарите и на полицијата им рекле дека жената од снимката го познава сопственикот на возилото. Но, не станува збор за поранешна љубовница, како што претпоставувале многумина, а причините за подметнување на пожар засега ѝ се познати само неа.

Сопственикот на автомобилот ја познава Сиднеј, но тие не биле во љубовна врска и наводно тој и понатаму не знае зошто се обидела да му го запали автомобилот. Пархам е во затвор, а нејзината кауцијата изнесува 20.000 долари.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку ви е беровското сирење?

10 Познати спортисти што заработуваат најмногу пари од само една објава на Инстаграм