во , , ,

Сибирска мистерија која ниту NASA не знае да ја реши – постојат две објаснувања…

NASA на социјалната мрежа Твитер објави фотографии од примероците на земјиштето во Сибир кои што ги збунија научниците, а и понатаму нема точно објаснување за нив.

Како што се наведува, станува збор за нешто налик на темни и светли пруги, а примерокот е видлив во текот на сите четири годишни времиња, но сепак најизразен е назима поради тоа што снегот го прави повидлив.

Засега постојат две можни објаснувања за оваа појава

Реклама

Дури 90 отсто од овој дел на средносибирската висорамнина е покриен со мраз кој што за кратки временски периоди се топи. Кога земјата смрзнува, одмрзнува, а потоа повторно смрзнува, деловите добиваат необични кружни или пругасти структури, објавиле научниците во списанието „Science“.

Второто објаснување го понудил американскиот геолог Томас Крафорд. Тој изјавил дека пругите потсетуваат на седименти од карпи и ефект кој што е познат како „геологија на слоевитиот колач“.

Истиот се појавува кога снегот се топи и се слева надолу, а во тој момент ги ситни седиментите. Во текот на тој процес можат да настанат и плочи кои што изгледаат како парче слоевит колач.

Секако, во коментарите на фотографиите кои ги објави NASA, најмногу имало такви луѓе кои што овие „шини“ ги поврзуваат со вонземјани.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 Неверојатни луѓе чии грижливи раце можат да направат дури и стап да расцути

Мрачниот живот на големата детска ѕвезда: Беше обвинет дека го дрогирал своето 3-годишно дете, а денес никој не знае каде е ниту од што живее