во ,

Си биле еден штурец и една мравка. Тие биле добри пријатели…

Си биле еден штурец и една мравка. Тие биле добри пријатели. Цела есен мравката вредно работела и собирала храна за зимата. Не се сончала, не уживала во вечерното зајдисонце ниту пак трошела време на седенки со пријателите пиејќи пиво после работниот ден. За тоа време штурецот само пеел по градските барови со пријателите, не се изморил ни минутка, пеел и преку целата есен, играл, се сончал, уживал бескрајно негрижејќи се за ладното време кое допрва доаѓало.

Дошла зимата и малата мравка изморена од напорната работа се повлекла во својата куќичка преполна со храна, Касно вечерта некој тропнал на вратата и кога мравката отворила, за изненадување, го видела својот пријател штурец, во ферари и скапоцена крзнена бунда.

Реклама

Штурецот рекол:

– Замисли, минатата недела пеев во еден бар, еден продуцент ме слушна како пеам и му се допадна мојот глас. Потпишав договор за шоу низ Европа.

А, ти како си да не ти треба нешто?

Да, – рекла мравката. Ако го сретнеш Лафонтен во Франција (авторот на басната), речи му да оде у 300 п.м. од мене!!!

Наравоучение:

– Искористи го животот, работи умерено и забавувај се, затоа што претераната работа носи корист само во басните на Жан де Лафонтен. Работи, но уживај во животот, затоа што е само еден. Ако не си го пронашол своето парче портокал, не барај го, земи лимон, стави шеќер, додај лед сипи виски и биди среќен.

И сети се:

– Ако живееш само за да работиш од тоа ќе има корист само, твојот газда!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

И учителката им вика, сега ќе играме на буквата. Учителката почнува на буквата П…

18 Навидум обични работи кои кријат изненадувања