
Си-Ен-Ен ја прогласи Македонија за „нова ѕвезда на балканскиот туризам“: Од бисерите во Охрид до ајварот како „света работа“
Американскиот медиумски гигант Си-Ен-Ен (CNN) објави опширна репортажа во која ја претставува Македонија како недоволно истражен дијамант и следната голема дестинација на Балканот. Земјата е опишана како една од најпланинските во светот, „џеб“ со слоевита историја кој сè уште не е задушен од масовниот туризам карактеристичен за југот на Европа. Посебен акцент е ставен на Охрид, кој новинарите го доживуваат како „град со сјајни води и бисери во старите улици“, каде посетителите можат да уживаат во коктели покрај езерото додека ги слушаат црковните ѕвона на зајдисонце. Манастирот Свети Наум и езерото се наречени „круна на земјата“.
Гастрономија и скопски кафани: „Храна свежа како штотуку ископана“
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Репортажата со воодушевување зборува за македонската трпеза, истакнувајќи дека ајварот е „света работа“, а ракијата се служи чиста покрај леб што уште мириса на рерна. Агротуризмот, малите семејни фарми во Преспа и традиционалното овчарство на Шар Планина се наведени како уникатни искуства. За Скопје, Си-Ен-Ен пишува дека е град подигнат од урнатини каде се мешаат османлиското наследство и модерниот брутализам, но вистинската душа ја лоцираат во скопските кафани, каде „музичарите од маса до маса пеат по желба“, чувајќи ја жива традицијата која многу други земји ја изгубиле.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден








