во ,

Словенија ги менува правилата за странци: словенечкиот јазик веќе нема да биде бесплатен

Словенија подготвува нови правила за странците, а една од најважните промени директно ќе ги погоди оние што треба да го учат словенечкиот јазик.

Словенечката влада подготвува измени на Законот за странци со кои бесплатните курсеви по словенечки јазик за државјаните од трети земји би можеле да станат минато.

Супер Попуст -25%

Според предложените измени, државата повеќе нема целосно да ги покрива трошоците за курсевите. Наместо тоа, би финансирала 70 проценти од цената, а преостанатите 30 проценти би ги плаќале самите странци.

Се укинува и бесплатното полагање на тестот

Предлогот предвидува и укинување на можноста странците еднаш бесплатно да го полагаат тестот за познавање на словенечкиот јазик.

Според сегашните правила, познавањето на словенечкиот јазик е важен дел од процесот за интеграција на странците кои сакаат да живеат и работат во земјата.

Експертите предупредуваат на потешка интеграција

Дел од организациите што работат со мигранти предупредуваат дека дополнителните трошоци би можеле најмногу да ги погодат луѓето со ниски приходи.

Извршниот директор на Словенечката филантропија, Франци Златар, смета дека мерката може да создаде дополнителни пречки за оние што веќе работат на ниско платени работни места.

„Ако сакаме имигранти кои добро ќе се интегрираат и ќе го научат јазикот, тогаш ова сигурно не е добра мерка“, изјави Златар.

Според него, предложените измени веројатно нема значително да го намалат бројот на имигранти, но би можеле да им го отежнат процесот на интеграција.

Повеќе од 3.300 Македонци веќе се евидентирани

Промените се значајни и за македонските државјани кои живеат или планираат да се преселат во Словенија.

Според податоците од електронскиот попис, досега во Словенија се попишале повеќе од 3.300 македонски државјани.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зеленски првпат доаѓа во Белград: Вучиќ откри за што ќе разговараат

Дунав се повлече и откри чудо старо речиси 1.700 години