во ,

Снег и мраз Ја префрлија наставата онлајн, училишта затворени во тракија

Снегот и мразот ја прекинаа наставата во делови од Грција, па училиштата во повеќе општини во Тракија се затворени, а дел од часовите се префрлаат онлајн.

Силното невреме со ниски температури создаде заледени коловози и ја наруши секојдневната рутина, особено во североисточните региони. Според грчките информации, локалните власти донеле одлука наставата привремено да се одвива на далечина, со цел да се избегнат ризици за учениците и персоналот.

Супер Попуст -25%

Проблеми има и во планинските подрачја на северна Грција, каде што сообраќајот е отежнат. Во ски-центарот Лајлија, кај Серес, повеќе возила со часови биле заглавени на пат, поради тоа што дел од возачите не користеле задолжителни синџири за снег, што дополнително го блокирало движењето.

Метеоролозите најавуваат продолжување на нестабилното време и во текот на денот, со обилни дождови, локално силни снежни врнежи и засилени ветрови. Најпогодени се Источниот Егеј, Крит и Тракија, каде се очекува дополнително заладување и уште посложени услови на патиштата.

Грчките власти апелираат граѓаните да ги следат официјалните известувања, да избегнуваат непотребни патувања и да не тргнуваат без зимска опрема во критичните региони. Засега нема информации за сериозни повреди, но службите остануваат во зголемена подготвеност.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сиљановска-Давкова Во Дубаи, Демографијата Станува Главна Државна Тема

Трамп ја пренасочува Индија кон венецуелската нафта, договорот веќе „се црта“