во ,

Снимен моментот кога гром удира во дрво и го уништува: Ако некогаш сте се прашувале како изгледа тоа, еве ви прилика да видите

Американската национална метеоролошка служба (NWS) објавила видео во кое е фатен моментот кога гром удира во стебло.

Ударот бил толку силен што дрвото за неколку секунди се распаднало, а неговите остатоци се срушиле на тлото.

„NWS“ го објавиле видеото на нивниот Фејсбук профил, а ударот од громот е снимен пред средно училиште во Висконсин, на 8-ми април.

https://www.facebook.com/NWSGreenBay/videos/522099975619840/?t=15

Тие под видеото во описот го напишале следново:

„Никогаш не знаете каде и кога ќе удри гром. Ова е снимено пред средното училиште Ваутом ова утро. Громот го уништил борчето. Нашиот слоган е ‘кога ќе удри гром, влезете внатре’ и ве молиме тој совет да го послушате секогаш кога ќе слушнете дека грми“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 Интересни детали во јужнокорејските домови кои би се вклопиле како ладна вода на топол ден

10 Генијални предмети кои во голема мера го олеснуваат животот и треба да бидат вообичаени