во ,

„СТИВ НАУМОВ“ СО НОВА ЦЕНА: Студентите ќе плаќаат 6.600 денари месечно

Отворен е конкурсот за сместување во студентските домови за академската 2026/2027 година. На располагање се 3.498 легла, а студентите во реконструираниот „Стив Наумов“ ќе плаќаат 6.600 денари месечно.

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за сместување во државните и приватните студентски домови. Од вкупно 3.498 места, 699 се наменети за бруцоши, а 2.799 за студенти од втора до шеста година и за апсолвенти.

Супер Попуст -25%

Најмногу легла има во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје – 1.216. Во реконструираните згради на „Стив Наумов“ се обезбедени уште 1.014 места.

„Стив Наумов“ ќе чини 6.600 денари месечно

Реконструираниот дел од „Стив Наумов“ е категоризиран како дом од Тип 1, односно како обновен и енергетски ефикасен објект.

Вкупната цена за сместување и исхрана изнесува 11.000 денари месечно. МОН ќе покрива 4.400 денари, додека студентот ќе доплаќа 6.600 денари.

Во домовите од Тип 2, вкупната цена е 6.820 денари. Министерството и студентот ќе плаќаат по 3.410 денари. Иста државна партиципација е предвидена и за приватните домови со кои МОН има договор.

Кои домови се опфатени со конкурсот

Покрај „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“, места се обезбедени и во „Кочо Рацин“ во Битола, студентскиот дом во Тетово и приватните домови „Хилјадников“ и „Логос“ во Штип.

Поради реконструкцијата на домот „Никола Карев“, студентите во Охрид ќе бидат сместувани во одморалиштето на МВР. За студентите од „Браќа Миладиновци“ во Штип е предвидено сместување во поранешниот приватен дом „ОАЗА“.

Рокови и распределба на местата

Студентите од втора и од повисоките години можат електронски да аплицираат до 31 јули. Бруцошите ќе се пријавуваат од 14 до 20 септември.

Секој кандидат може да конкурира само за еден дом, а некомплетните пријави нема да бидат рангирани.

Од вкупниот број места, 40 проценти се резервирани за студенти од семејства со пониски приходи и ранливи категории, 25 проценти за студенти со особено висок успех, а преостанатите 35 проценти за другите редовни студенти што ги исполнуваат условите.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Епидемиолози, каде се криете?!: Д-р Пановски го разоткри хоророт кој системот очајно се обидува да го стави под тепих!

ИЛЈАДНИЦИ НА УЛИЦА: Украинците бараат смена на Сирски по разрешувањето на Федоров