
„Не сакам да умрам“ – одбивање да се откријат компромитирачки тајни
Во своја публикација на платформата „Substack“, чии делови ги пренесува „Дејли Бист“, Волф наведува дека победата на Трамп на претседателските избори ги сменила правилата на играта за Епстин. Според новинарот, Епстин тврдел дека располага со крајно компромитирачки материјали, но и покрај неговото наговарање да излезе во јавноста со нив, тој категорично одбил со шокантно образложение.
„Можеби сум сексуално опседнат со деца, но не сакам да умрам“, го цитира Волф покојниот финансиер, опишувајќи го неговиот парализирачки страв од последиците од евентуално објавување на информациите.
Деловен спор од 2004 година и почетокот на истрагите
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Волф открива и детали за деловен судир меѓу нив што датира од 2004 година, кога Трамп наводно се заканил дека ќе разоткрие шема за перење пари поврзана со влијателен руски бизнисмен. Кратко по таа закана, полицијата во Палм Бич, Флорида, отвори истрага против Епстин поради злоупотреба на малолетни девојчиња во неговиот дом – процес за кој Епстин цврсто верувал дека бил поттикнат токму од Трамп.
Подоцна, кога детали за нивната врска беа споменати во книгата на Волф, „Опсадата: Трамп под оган“, Епстин признал дека откривањето на тие информации било фатална грешка. Само еден месец по тие разговори, во јули 2019 година, Епстин беше уапсен од ФБИ по враќањето од Париз под обвинение за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, а еден месец подоцна беше пронајден мртов во затворска ќелија во Њујорк, случај кој официјално беше заведен како самоубиство.
Медиумите потсетуваат дека ваквите тврдења се засноваат исклучиво на сеќавањата на Волф и немаат независна потврда, но тие повторно го ставаат во фокус комплицираниот и мрачен однос меѓу некогашните познаници.


