во ,

Температури до 37 степени, но чадорот нека биде при рака

Сончевите периоди ќе го одбележат претпладнето, но попладне атмосферата ќе стане понестабилна, со можност за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за краткотрајна нестабилност.

Супер Попуст -25%

Локално се очекува пороен дожд проследен со грмежи, додека ветерот наместа повремено ќе засилува.

Температури до 37 степени

Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, додека дневните ќе достигнат од 28 до високи 37 степени.

Во западните делови од земјата ќе дува ветер од западен правец, а во источните делови северозападен ветер. Тој ќе биде умерен, но на одредени места повремено ќе има и посилен интензитет.

Во Скопје сончево, но не се исклучува краткотраен дожд

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Ќе дува умерен северен ветер, а температурата во главниот град ќе се движи од 13 степени наутро до максимални 32 степени во текот на денот.

Од понеделник следува постабилно време

Од понеделник, 13 јули, се очекува претежно сончево време со променлива облачност во текот на денот.

Ќе продолжи да дува умерен, а повремено и засилен ветер, претежно од северен правец.

Ветерот ќе надминува 50 километри на час

Најсилен ветер се очекува во понеделник и вторник, кога на одредени места неговата брзина ќе надминува 50 километри на час.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хаос во Франција: 64.000 молњи, пожари и 20.000 домаќинства без струја

Дневен хороскоп за 12 јули: Близнаците нека го чуваат паричникот, Девиците тргнуваат по симпатијата