
Што предвидуваше пропаднатиот предлог?
Според информациите на „Волстрит журнал“, мировниот план кој до Вашингтон бил доставен преку катарски посредници предвидувал повторно отворање на Ормутскиот Теснец и продолжување на нуклеарните преговори со Иран. За возврат, се барало САД да ја укинат блокадата на иранските пристаништа, да се одмрзне иранскиот имот и да се укинат санкциите за извоз на нафта.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во Обединетите нации појасни дека ваквиот договор би овозможил прекин на борбите на сите фронтови, вклучително и во Либан. Сепак, висок ирански претставник потенцирал дека Техеран нема намера да прави никакви отстапки во однос на збогатувањето ураниум или негово изнесување од земјата.
„Теснец на Трамп“ и американска недоверба
Својот став американскиот претседател индиректно го потврди и преку социјалните мрежи, каде што објави фотографија од стратешки важниот Ормутски Теснец, преименувајќи го на мапата во „Теснец на Трамп“.
„Иако американските претставници претходно ги опишаа разговорите преку посредници како позитивни, Трамп изразил сериозен сомнеж дека Иран ќе ги исполни американските барања. На своите соработници наводно им кажал дека продолжувањето на бомбардирањето е поверојатна опција“, пишува Волстрит журнал.
Регионален хаос и хуманитарна криза
Во меѓувреме, регионалните судири не стивнуваат. Јеменските Хути, кои се поддржани од Иран, извршуваат континуирани напади врз Саудиска Арабија. Саудиската противвоздушна одбрана извести дека успешно пресретнала два дрона насочени кон Ријад и една балистичка ракета кон градот Хамис Мушаит.
Конфликтот има сериозни реперкусии и врз глобалниот транспорт на нафта. Сообраќајот низ Ормутскиот Теснец е речиси целосно прекинат, додека алтернативната рута преку Црвеното Море е под постојана закана од нови напади. Паралелно со воените тензии, Обединетите нации алармираат за нова и продлабочена хуманитарна криза во Јемен, потенцирајќи го драстичниот пораст на акутната неухранетост кај децата.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден








