во ,

Тркалезна маса во Скопје по трагедијата со семејно насилство

Трагичниот случај на семејно насилство кој заврши со смрт на мајка и дете ја отвори дебатата за институционалните пропусти и заштитата на жртвите во Македонија. По настанот што силно ја потресе јавноста, во Скопје се одржа тркалезна маса на која се разговараше за поефикасна борба против семејното насилство.

Супер Попуст -25%

На иницијатива на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на трибината учествуваа судии, обвинители, заменици министри, експерти и претставници од невладиниот сектор. Целта беше да се разгледаат конкретни мерки за подобра институционална координација и поголема заштита на жртвите.

Според учесниците, состојбата е загрижувачка. Само од почетокот на годината се регистрирани четири случаи на фемицид, а според анализите Македонија се наоѓа на третото место во Европа по бројот на фемициди.

Повлекувањето на пријавите како сериозен проблем

Министерот Панче Тошковски посочи дека еден од најголемите проблеми во случаите на семејно насилство е тоа што жртвите често ги повлекуваат своите пријави по првичната интервенција на институциите.

„Имало повеќе пријави, но за жал секој пат кога ќе побарала помош од МВР, по интервенцијата на полицијата ја повлекувала пријавата. Тоа е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме. Жртвите често се под силен притисок од насилникот“, изјави Тошковски.

Тој нагласи дека институциите не ја обвинуваат жртвата, туку бараат поцврст систем кој ќе обезбеди заштита и кога жртвата се повлекува под притисок.

Предлог полицијата веднаш да го отстранува насилникот

Професорката од Факултетот за безбедност Стојанка Мирчева истакна дека заштитата на жртвите мора да започне уште од првата полициска интервенција.

Според неа, полицијата треба да има овластување веднаш да го отстрани насилникот од домот и да изрече забрана за приближување кон жртвата.

„Повеќе од 36 часа се потребни предлогот од полицијата да стигне до суд и таму да се изрече мерката. За тие 36 часа насилникот може повторно да ја нападне или дури и да ја убие жртвата“, предупреди Мирчева.

Илјадници жртви на семејно насилство

Податоците на Министерството за социјална политика, демографија и млади покажуваат дека во 2025 година биле регистрирани 1754 жртви на семејно насилство.

Од нив 1269 се жени, додека 257 се мажи. Овие бројки, според експертите, покажуваат дека проблемот е сериозен и дека се потребни итни системски решенија за подобра заштита на жртвите и поефикасна реакција на институциите.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп со жестока порака до Иран, договор само со капитулација

Уште три фирми пред губење лиценца, чистката со канабисот се шири