во ,

Тунел на смртта во Таџикистан ги поврзува два најголеми града


У планините на Таџикистан се наоѓа еден од најопасните патни тунели во светот – тунелот Анзоб, познат и како „Тунелот на смртта“. Овој тунел, долг околу пет километри и сместен на надморска височина од околу 2.700 метри, претставува вистински предизвик за секој возач кој ќе се осмели да помине низ него.

Тунел без светло и без доволна вентилација

Анзобскиот тунел со години важи за еден од најризичните патни премини. Во него речиси нема осветлување, а системот за вентилација е слаб и недоволен.

Супер Попуст -25%

Поради тоа, воздухот во тунелот често е исполнет со густа мешавина од издувни гасови, што го прави дишењето тешко и потенцијално опасно. Според експертите од организацијата Dangerous Roads, во тунелот постои само еден вентилатор кој делумно го движи воздухот, но тоа не е доволно за нормална циркулација.

Гужви, дупки и поплави

Освен лошата вентилација, тунелот има и бројни инфраструктурни проблеми. Во него речиси и да нема сообраќајни знаци, а коловозот е полн со големи дупки кои можат сериозно да ги оштетат возилата.

Кога ќе падне дожд, во тунелот често се појавуваат поплави. Понекогаш водата се собира во толкава мера што делови од патот изгледаат како мало езеро.

Според локалните жители, многу возачи во минатото го изгубиле животот во тунелот, најчесто поради труење со јаглерод моноксид во сообраќајните метежи.

Клучна врска меѓу два најголеми града

Тунелот Анзоб ги поврзува Душанбе, главниот град на Таџикистан, и Хуџанд, вториот најголем град во земјата.

Изграден е во 2006 година со цел да се олесни патниот сообраќај низ планинскиот регион. Иако делумно беше реконструиран во 2018 година, експертите предупредуваат дека се потребни дополнителни инвестиции и сериозна модернизација.

Додека тоа не се случи, секое минување низ „Тунелот на смртта“ останува ризично искуство кое бара голема претпазливост од возачите.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дубаи од туристички рај се претвора во речиси празен град

Умерено облачно време со можен дожд попладне