во ,

Тутунарите тријат раце: Откупени 21 милион килограми по рекордна цена од 420 денари

Историска цена за тутунот: Се продава по 420 денари, со субвенциите надминува 500 денари за килограм

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски ја оцени тековната сезона како една од најуспешните во историјата на македонското тутунопроизводство. Досега се откупени околу 21 милион килограми тутун, а просечната откупна цена достигна рекордни 419,84 денари за килограм. Според министерот, сликите со „трактори на улиците“ и незадоволни земјоделци се веќе минато.

Крајна сметка: Над 500 денари во џебот на тутунарите

Супер Попуст -25%

Кога на основната цена ќе се додадат мерките за „зелена нафта“ и субвенцијата од 6.000 денари по хектар, вкупниот приход надминува 500 денари по килограм. Трипуновски најави дека веднаш по празниците ќе се формира работна група со откупувачите и производителите за законски измени, со цел следната сезона да биде уште порегулирана и без административни пречки.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски оптимист за 2026: „Сиромаштијата се намалува, следат драконски казни за трговците“

Трамп ги откри картите: „Ние сме во нафтениот бизнис“ – американските компании го преземаат венецуелското црно злато