
„Ние сме во нафтениот бизнис“: Трамп ги враќа американските гиганти во Венецуела за да си наплатат
Само еден ден по драматичното апсење на Николас Мадуро, американскиот претседател Доналд Трамп ги откри картите. Целта не е само промена на режимот, туку контрола врз најголемите нафтени резерви во светот. Од имотот во Мар-а-Лаго, Трамп најави дека големите американски нафтени компании (како ЕксонМобил и Шеврон) ќе се вратат во Венецуела за да ја обноват деградираната инфраструктура и да го зголемат производството.
Планот на Трамп: Милијарди за обнова и „компензација“
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
„Нашите многу големи нафтени компании ќе дојдат, ќе потрошат милијарди долари и ќе почнат да заработуваат пари за земјата“, изјави Трамп, додавајќи дека компаниите ќе бидат соодветно „надоместени“ за загубите од минатото (национализацијата во 2007 година). Тој беше брутално искрен пред новинарите:
„Ние сме во нафтениот бизнис. Ќе ја поправиме расипаната инфраструктура и ќе продаваме големи количини нафта на други земји.“
Компаниите претпазливи: Ексон молчи, Шеврон се грижи за безбедноста
И покрај ентузијазмот на Трамп, нафтените џинови реагираат воздржано. Од „КонокоФилипс“ велат дека е прерано за шпекулации, додека „Шеврон“ (кој единствен остана да работи во ограничен капацитет) порача дека фокусот им е безбедноста на вработените. Потсетуваме, овие компании водат децениски правни битки за наплата на милијарди долари отштета откако Венецуела ја национализираше индустријата пред 50 години.


