
САД „фрлија око“ и на Гренланд: Трамп тврди дека им треба, Данска остро врати – „Не сме на продажба!“
Дипломатски скандал помеѓу сојузниците во НАТО! Данската премиерка Мете Фредериксен испрати остра порака до Вашингтон да престане со заканите, откако сопругата на шефот на кабинетот на Трамп објави мапа на Гренланд покриена со американско знаме и натпис „Наскоро“.
Трамп: „Опкружени сме со руски и кинески бродови“
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Американскиот претседател во интервју за „Атлантик“ денес потврди дека на САД „навистина им е потребен Гренланд“ заради национална безбедност, посочувајќи на присуството на Русија и Кина во Арктикот. На ова, Фредериксен потсети дека Гренланд е покриен со НАТО гаранциите и веќе има договор за одбрана со САД.
Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредрик Нилсен, ја нарече американската објава „непочитување“, но повика на смиреност, додека Шведска веднаш застана во одбрана на својот сосед: „Само Данска и Гренланд одлучуваат за својата судбина“.


