Убави вести пристигнаа денеска од Белград, Србија. Пет лица кои беа повредени во трагичниот пожар во Кочани се пуштени од болница. Тие конечно се враќаат во своите домови.

-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Станува збор за Мирче, Ефимија, Александра, Ангела и Надица. Тие беа на лекување во Белград речиси 40 дена. Таму беа префрлени по несреќата во дискотеката „Пулс“.
Нивното отпуштање од болницата е значаен чекор во закрепнувањето. По долгиот и тежок период на лекување, тие сега ќе продолжат со рехабилитацијата дома. Оваа вест носи големо олеснување за нивните најблиски.


