во , ,

Фудбалер далтонист: Томас Дилејни понекогаш не знае кои му се соиграчи

“Јас сум Томас и сум далтонист. Ми беше тешко да видам кој е во мојот тим, а кој во противничкиот”, рекол своевремено Дилејни.

Данска е најголемото изненадување на Европското првенство, селекција која по стресен пат дојде до полуфиналето.

По се што се случи во првиот меч и со Кристијан Ериксен, и двата порази на стартот, никој не веруваше очекуваше таков залет и пласман меѓу четирите најдобри репрезентации и дуел со Англија на Вембли.

Реклама

Во селекцијата на Данска важна улога веќе со години игра Томас Дилејни, фудбалер на Борусија од Дортмунд.

Игра на највисока сцена, во голем клуб, иако со голем здравствен проблем.

Пред три години, Дилејни открил дека е далтонист.

Тоа го направил по пријателскиот натпревар со Мексико, признавајќи дека не знаел кои се негови соиграчи, иако Данците играле во црвени, а Мексико во зелени дресови.

Неговиот проблем бил тоа што двете екипи имале бели шорцеви.

“Јас сум Томас и сум далтонист. Ми беше тешко да видам кој е од мојот тим, а кој од противничкиот”, рекол тогаш Дилејни.

“Тешко е да се опише. Како да гледам различни нијанси од иста боја. Обично играме во шорцеви со различни бои, но овој пат сите носевме бели. Беше прилично тешко. Кога играчите стојат блиску еден до друг е лесно, но кога се забрзува играта, тогаш сум во проблем”.

Тој бил првиот фудбалер кој кажал дека е далтонист и дека во текот на кариерата имал големи проблеми на натпреварите.

Дилејни кариерата ја почнал во Копенхаген, па преминал во Вердер, а една година подоцна во Дортмунд за 20 милиони евра.

Во репрезентацијата на Данска одиграл 59 натпревари, со шест постигнати голови.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

24 Пати кога луѓето си рекле “Не е моја работа” и вложиле најмалку труд што се може

20 Луѓе споделуваат ужасни болнички оброци низ земјите во светот