во ,

Хаос во 02:00 по полноќ: Седум детонации го потресоа главниот град на Венецуела

Вонредна вест: Хаос во Каракас – Серија експлозии и борбени авиони го разбудија главниот град на Венецуела

Рано утрово, околу 02:00 часот по локално време, најмалку седум силни експлозии одекнаа во Каракас, главниот град на Венецуела. Меѓународните агенции (Ројтерс, АП) јавуваат за прелети на авиони на ниска височина, а над градот се издигаат густи столбови чад. Јужниот дел на градот, каде што се наоѓа голема воена база, е оставен без електрична енергија.

Супер Попуст -25%

Молк од Мадуро и Вашингтон: Дали е ова почеток на воена операција?

Засега никој не презема одговорност. Владата на Николас Мадуро молчи, а нема коментар ниту од Белата куќа или Пентагон. Оваа ескалација доаѓа во момент на вжештени тензии, откако американската администрација (под водство на Доналд Трамп) најави засилени воени активности во регионот под изговор на борба против нарко-картелите. Светот со страв чека потврда: дали се работи за внатрешен пуч или надворешна интервенција?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хороскоп за 3 јануари: Полна Месечина во Рак – кој ќе плаче, а кој ќе слави?

Спремете пари за „влезница“ во ЕУ: Од крајот на 2026 се воведува такса од 20 евра