Компанијата Кока-кола започна со итно повлекување на 28 милиони пластични шишиња од половина литар во Австрија, поради техничка грешка во производството која може да предизвика присуство на метални честички во пијалаците. Ова е најголемото повлекување на производи во Австрија во последните 25 години, според изјавата на портпаролот на пазарната агенција во Виена, Александар Хенгл.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Шишињата кои се повлекуваат вклучуваат Кока-кола, Фанта, Спрајт и MezzoMix со рокови на употреба до 4 февруари 2025 и 12 април 2025.
Компанијата истакна дека не е продадена целата серија на шишиња, и дека многу од нив сè уште се наоѓаат во магацините на компанијата или во малопродажните објекти.
Доколку забележите вакви производи во продажба, не ги купувајте и информирајте ги надлежните органи.


