во

Хит видео од Белата куќа: Ши Џинпинг се изнасмеа кога Трамп му го покажа „портретот“ на Џо Бајден

Кинескиот претседател Ши Џинпинг, кој во јавноста е познат по својот исклучително сериозен и воздржан став, не можеше да се воздржи и гласно се насмеа на шегата на американскиот претседател Доналд Трамп за време на нивната обиколка на Белата куќа.

„Ова е автопен… тоа е Бајден“

Виралното видео објавено од Белата куќа на социјалните мрежи го прикажува моментот кога Трамп го води својот кинески колега низ колонадата. Тие застануваат пред делот кој американскиот претседател го нарекува „Претседателска куќа на славните“, каде што традиционално се изложени портрети и плакети во чест на поранешните лидери на САД.

Супер Попуст -25%

Наместо класичен портрет од неговиот претходник Џо Бајден, Трамп му покажал врамен „autopen“ – уред кој се користи за автоматско потпишување документи, поставен точно на местото каде што вообичаено би стоела сликата на Бајден. Покажувајќи кон невообичаената рамка, Трамп кусо прокоментирал: „Ова е ’автопен‘… тоа е Бајден“.

Ретко опуштено издание на кинескиот лидер

Овој несекојдневен потег предизвика неочекувана и спонтана реакција. Ши Џинпинг гласно се насмеа на потегот, а веднаш му се придружија и останатите членови на високата кинеска делегација кои ги придружуваа лидерите.

Снимката од овој неформален момент привлече огромно внимание во светската јавност, бидејќи го прикажа кинескиот лидер во ретко и исклучително опуштено издание за време на неговата прва државна посета на САД по повеќе од една деценија.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Директно од Дубаи за Скопје: Flydubai воведува нова линија од март 2027 година

Завршува самитот во Белата куќа: Трамп и Ши Џинпинг со пораки за стабилност и надминување на разликите