во , ,

Хонг Конг го има својот прв “музеј на мемиња” кој на посетителите им овозможува 4Д увид во историските интернет шеги

Мемињата се дел од новата изложба која се одржува во Хонг Конг, која трае до почетокот на септември и важи за првиот светски “музеј на мемиња”. Содржи седум главни подрачја кои ги прикажуваат шегите од интернет според Инстаграм страницата К11 Арт шопинг центар.

Трговскиот центар со седум спратови во Цим Ша Цуију “ја враќа уметноста во секојдневниот живот” со изложувањето во своите трговски простории.

Изложбата е покрената во јули заедно со 9GAG, веб страната со седиште во Хонг Конг која е позната како платформа за разменување на мемиња.

Реклама

Посетителите на изложбата можат да се прошетаат низ временскиот тунел и да ја видат историјата на мемињата на ТВ екраните.

https://twitter.com/msarimakhtar/status/1421564903492669440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1421564903492669440%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F384670%2Fhong-kong-go-ima-svojot-prv-muzej-na-meminja-koj-na-posetitelite-im-ovozmozuva-4d-uvid-vo-istoriskite-internet-segi

Во центарот на вниманието се препознатливите мемиња, како она со раперот Дрејк, Сунѓерот Боб и очајниот љубител на крикет од Пакистан која на Твитер го сподели своето воодушевување со тоа што е претставено во музејот.

Фотографијата на Пакистанецот стана вирална поради неговата бесна реакција на испуштената топка на Светското првенство во крикет 2019 година.

Тука е и привремената станица за тетовирање, фото кабина и 4Д интерактивната зона. Изложбата со вирутелна реалност ги оживува моделите на 2Д мемињата додека поминуваат покрај екраните на подвижната лента.

Еден од истакнатите настани во музејот на мемиња е дебитантскиот НФТ на 9GAG – колаж од мемиња кој во јули е продаден на аукција за 25.000 долари.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Најдобри цитати од познатите „Мртви сте во оној момент кога ќе престанете да учите“

Крокодил станал ѕвезда на интернет: Излегол од својот базен во зоолошка градина, храбрата работничка го вратила назад