
Музичкиот свет е во шок по овој невиден бојкот. Изведувачите Финеас, Арон Роу, данската група „Лукас Греам“ и ирскиот бенд „Беога“ ја напуштија турнејата. Нивната порака е јасна: уметниците не смеат да бидат замолчувани. Тие категорично одбиваат да настапуваат на места кои ја цензурираат слободата на говор.
Милијардерите диктираат кој смее да пее
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Скандалот кулминираше на почетокот на септември. Меклмор на концерт во Њу Џерси гласно повика на „Слободна Палестина“. Тој ја изведе песната „Hind’s Hall“ и прикажа снимки од разурнатата Газа. Ова предизвика жестоки реакции и притисоци. Милијардерот Роберт Крафт го искористи своето влијание за да му забрани настап на раперот. Тој го обвини Меклмор за ширење говор на омраза.
„Парите не ви даваат право да го поседувате разговорот. Ничија банкарска сметка не смее да одлучува кој смее да зборува.“
Ширан се правда, колегите го критикуваат
Ед Ширан се обиде да се дистанцира од скандалот. Тој изјави дека одлуката за исфрлање на Меклмор не била негова. Ширан тврди дека сака концертите да останат неутрални и подалеку од политика. Но, неговиот став предизвика целосно спротивен ефект кај останатите музичари. Меклмор јавно го критикуваше англискиот пејач поради молкот, додека предгрупите едногласно порачаа дека за војната и жртвите мора да се зборува.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден







